Faculty of Technology and Metallurgy, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje
www.tmf.ukim.edu.mkТехнолошко-металуршкиот факултет во Скопје е истакната образовна и научно истражувачка институција, формирана во далечната 1959 година. Од 1965 година влегува во составот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во чии рамки работи и денес. Во своето повеќедецениско постоење, оваа институција даде значителен придонес во развојот на македонското стопанство, првенствено преку обезбедување на висококвалитетен и соодветно образуван кадар, притоа секогаш следејќи ги современите пазарни трендови и научни текови. Во сите овие години беше продуциран значителен број на дипломирани инженери, магистри и доктори на науки, кои со својата работа оставија белег во развојот на македонското општество. Истовремено факултетот активно и континуирано ја негува апликативната и научноистражувачката работа, земајќи учество во многубројни научноистражувачки и развојни проекти како за потребите на домашното стопанство така и за научни цели. Основната мисија на факултетот е и понатаму да обезбедува континуиран развој на соодветни кадри, со обезбедување на препознатливи и квалитетни наставни и научно истражувачки програми, да го задржи високото реноме во својот домен, како и да ги одржува и надоградува релациите со сродните научни институции и компании од стопанството.
Read moreReach decision makers at Faculty of Technology and Metallurgy, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje
Free credit every month!
Faculty of technology and metallurgy, ss. cyril and methodius university, skopje
Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е истакната образовна и научно истражувачка институција, формирана во далечната 1959 година. Од 1965 година влегува во составот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во чии рамки работи и денес. Во своето повеќедецениско постоење, оваа институција даде значителен придонес во развојот на македонското стопанство, првенствено преку обезбедување на висококвалитетен и соодветно образуван кадар, притоа секогаш следејќи ги современите пазарни трендови и научни текови. Во сите овие години беше продуциран значителен број на дипломирани инженери, магистри и доктори на науки, кои со својата работа оставија белег во развојот на македонското општество. Истовремено факултетот активно и континуирано ја негува апликативната и научноистражувачката работа, земајќи учество во многубројни научноистражувачки и развојни проекти како за потребите на домашното стопанство така и за научни цели. Основната мисија на факултетот е и понатаму да обезбедува континуиран развој на соодветни кадри, со обезбедување на препознатливи и квалитетни наставни и научно истражувачки програми, да го задржи високото реноме во својот домен, како и да ги одржува и надоградува релациите со сродните научни институции и компании од стопанството.
Read moreEmployees statistics
View all employeesPotential Decision Makers
Student
Email ****** @****.comPhone (***) ****-****Full Professor
Email ****** @****.comPhone (***) ****-****
Technologies
(4)